„Туарегот“ со табличка White house возел со огромна брзина и немало знаци на кочење

Трагична сообраќајка која вчера се случи во близина на католичката црква во центарот на Скопје ја потресе Македонија.

Средношколецот И.Б. (16) вчера го загуби животот откако беше прегазен од џип „фолксваген туарег". Лекарите во КАРИЛ и покрај сите напори не успеаја да го спасат младиот живот.

Дваесетгодишниот Џ.М. бил зад воланот на џипот, со табличка White house и возел со огромна брзина, а на местото на трагедијата немало траги од кочење, пишува МКД.мк. 

Очевидци за Курир вчера изјавија дека возачот возел брзо и удрил во детето кое во моментот на поминувало улицата на пешачкиот премин.

16.11.2014 - 15:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега