Регулаторна ја донесе одлуката: Бензините ќе се точат по овие цени
Регулаторната Комисија за Енергетика вчера ја донесе одлуката за цените на нафтените деривати.
Од полноќ, бензините и дизелот поевтинуваат за два денари по литар, па така според одлуката малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 40,50 ден/лит.
21.03.2017 - 08:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа