Пет хороскопски знаци во кои се раѓаат најлошите возачи

 

И додека некои возачи одлично се снаоѓаат додека возат, други мака мачат со паркирање и застанување на црвено, па не се баш идеален избор кога треба со нив да се возите.

Според хороскопот, причината поради која некои луѓе важат за лоши возачи лежи во датумот на нивното раѓање, поточно во знакот во кој се родени. Your Tango направи листа на пет хороскопски знаци во кои се раѓаат најлошите возачи.

Овен

Марс владее со овој знак, поради што Овните имаат експлозивен карактер па не им треба многу за да изнервираат додека возат. Тврдоглави се и лесно губат контрола, но сакаат и брзо да возат па возењето со нив не е баш најпријатно.

Стрелец

Стрелците се сметаат за многу опасни возачи бидејќи тешко се фокусираат па најчесто погледот им бега од патот. Вниманието може да им биде насочено кон други работи, од мачка што ќе ја видат па до облак на небото додека возат.

Риби

Исто како Стрелците, и Рибите тешко остануваат фокусирани на возењето. Многу се емоционални па бурно ќе реагираат на секоја ситница во сообраќајот, што може да предизвика стрес. Токму затоа им е тешко да ги следат сообраќајните правила.

Водолија

Водолиите ги почитуваат сообраќајните правила само кога мораат, но кога знаат дека никој не ги гледа не им е воопшто проблем да свртат во еднонасочна улица или да минат на црвено на семафор.

Бик

Многу сакаат да се натпреваруваат па често забрзуваат ако видат дека некој ги престигнува. Територијални се па тврдоглаво се држат до нивната лента, но ќе внимаваат да не дојде до несреќа бидејќи нивниот автомобил во овој случај им е поважен од докажувањето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 22:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега