(Видео) „Ги слушнавме децата, пукавме додека не замолчеа“, Израелците објавија признание на припадник на Хамас

 

Војската на Израел објави снимка од сослушувањето на човек за кој велат дека е член на Хамас вклучен во нападот врз Израел на 7 октомври. Човекот на видеото го опишува убиството на израелските деца во Кфар Аз, израелски кибуц на границата со Газа.

„Нашата единствена мисија беше да убиваме, а не да киднапираме. Да го убиеме секој човек што ќе го видиме и да се вратиме во Газа“, му рекол на испитувачот, Амер Абу Гоша, член на Нукба, командоска единица на Хамас.

Тој рече дека неговата група се упатила кон Кфар Аз со џип и влегла во кибуцот откако еден од нив ја отворил вратата со експлозивна направа. Откако влегле во градот, оделе од куќа до куќа, ги палеле, пукале со калашникови и фрлале гранати по сите што ќе ги нашле.

Во еден момент, Абу Гоша опишува како влегол во куќата и слушнал гласови на мали деца кои плачат внатре во безбедната соба и пукале кон вратата од собата. Тој вели дека гласовите на крајот престанале, па заклучил дека децата умреле.

Абу Гоша и дел од неговата група подоцна влегле во вооружен конфликт со војниците на ИДФ кои влегле во куќата преку прозорците и биле принудени да се предадат.

На прашањето зошто убивале жени и деца, Абу Гоша одговара: „Ни рекоа дека сите доселеници биле војници“.

На прашањето која е разликата меѓу Хамас и ИСИС, тој вели дека испитувачите му покажале видеа од некои од ужасите што ги извршиле терористите на Хамас врз израелските цивили, по што тој искоментирал: „Нема разлика. Сум видел видеа кои се полоши од ИСИС“.

 Израел ја напаѓа Газа повеќе од три недели како одговор на најтешкиот масакр во неговата историја, кој на 7 октомври го извршија терористи од Хамас и други екстремистички групи.

 

 

 

 
02.11.2023 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега