Замесила пита со печурки - отрула тројца

 

Жена од Австралија е уапсена поради сомнение дека отрула три лица со печурки. Имено, на три лица им се слошило по семеен ручек во Леонгат во јули, а четвртото е пренесено во болница.

Жената која го послужила ручекот, Ерин Патерсон (49), била приведена и се уште не е обвинета, јавува Би-Би-Си. Австралијката тврди дека е невина.

Полицијата најавила истрага, а била претресена и нејзината куќа. Инспекторот за убиства Дин Томас на прес-конференција ја нагласи сложеноста на случајот, опишувајќи го како трагедија.

Гејл и Дон Патерсон, родители на поранешниот сопруг на Патерсон, биле гости на смртоносниот ручек, како и сестрата на Гејл Патерсон, Хедер Вилкинсон и шурата Иан Вилкинсон.

Тие завршиле во болница поради тешко боледување. За неколку дена починала брачната двојка Патерсон и Вилкинсон, додека нејзиниот сопруг се опоравил по два месеци лекување.

Ерин Патерсон рече дека таа самата завршила во болница после оброкот по стомачните болки и била ставена на инфузија и лекови за заштита од оштетување на црниот дроб.

Изјавила дека за ручек послужила пита со печурки што ја купила во супермаркет и сушени печурки купени во азиска самопослуга неколку месеци претходно.

„Уништена сум кога помислувам дека тие печурки можеби придонеле за смртта на моите најблиски. Немав апсолутно никаква причина да ги повредам луѓето што ги сакав“.

Полицијата вели дека верува дека јаделе многу отровни и смртоносни печурки.

 

02.11.2023 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега