Подгответе се за силно невреме

Денеска е понеделник, 7 март 2016 година, 67-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 299 дена. 

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот, а ќе зајде во 17 часот и 30 минути.

Денов трае 11 часа и 30 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 4 минути, а ќе зајде во 14 часот и 38 минути.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови. Ќе дува умерен до засилен повремено јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 80 км/час. Ветерот ќе биде поизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од осум до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен повремено јужен ветер.

Темепратурата ќе достигне до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно стабилно, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.

 
 
07.03.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега