Портокалова фаза: Невреме доаѓа кон Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни кон крајот на денот и во вечерните часови, особено во западните и северните делови. Локално врнежите ќе бидат поројни и ќе има услови за појава на грмежи. На повеќе места ќе наврнат над 25л/м2 дожд. Ќе дува умерен до засилен  јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина околу 80 км/час.

 Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 15 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и стабилно со подолги сончеви периоди. Потоа во наредните денови ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневните температури сосема благо ќе опаднат.

 

За целата територија на Македонија издадено е предупредување од жолта фаза за силен ветер и врнежи од дожд, додека во малешевскиот крај издадено е предупредување од портокалова фаза

 
 
07.03.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега