Путин сочувствува со српскиот народ: Кога цела братска Србија страда, Русија ја споделува нејзината тага

 

Рускиот амбасадор во Србија, Александар Бочан-Карченко, упати порака со сочувство во име на рускиот претседател Владимир Путин до граѓаните на Србија и семејствата на загинатите.

„Страшните трагедии што ја снајдоа Србија ги исполнија срцата на братскиот руски народ со голема тага и болка. Во овие трагични денови Русија се моли за прерано починатите деца и возрасни. На повредените им посакуваме брзо закрепнување и сила на духот. Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, изрази сочувство до српскиот народ и семејствата на загинатите, а на ранетите им посака брзо закрепнување.

„Кога цела братска Србија страда, Русија ја споделува нејзината тага“, стои во соопштението.

Денеска, како и сабота 6 мај и недела 7 мај се прогласени за денови на жалост поради трагичниот настан во Младеновац.

05.05.2023 - 21:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега