СДСМ го прислушува својот народ - ВМРО-ДПМНЕ го сослуша

За разлика од СДСМ која што го прислушкува својот народ и се служи со некоректни и нелегални методи, Антонио Милошоски од трибината во Виница посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има друг концепт, а тоа е да го сослуша македонскиот народ.

-За разлика од нив кои досега во овие изминати 50-60 дена откако ја држат во заложништво државата со една таква уцена, користење на нелегални методи и во тие 60 дена објавија таканеречени 19 бомби, во тој период ВМРО-ДПМНЕ, премиерот, министрите, Владата и градоначалниците објавија 50 или 60 нови проекти. Тоа е ралзиката, некој се занимава со деструктивни методи, некој се занимава со правење на проекти и како да направиме нешто повеќе што е реална потреба на секој наш граѓани, истакна пред граѓаните на Виница, пратеникот Милошоски.

Тој подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ не прави никаква разлика меѓу граѓаните, по ниедна основа, ниту по социјална, ниту по партиска, ниту по етничка, ниту по било која друга основа.

Ако се гради еден автопат од Штип до Скопје, пат од Кочани до Македонска Каменица, ако се најавува и нов автопат ог Гостивар до Кичево, или се најави нова инвестиција во Виница, Кочани или било кое друго место,  рече тој, тоа се прави за сите граѓани на Р.Македонија.

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега