ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Ова никако не смеете да го фатите во рака денеска

Денеска е Прво и второ наоѓање на главата на св. Јован Крстител.

Од евангелската историја е познато дека Иродијада во една прилика ја побарала и ја добила отсечената глава на свети Јован Крстител. Неговата глава таа ја фрлила на буниште во дворецот на Ирод. Некоја си Јована, жена на управникот на домот на Ирод, ја зела главата оттаму и ја закопала на Маслиновата Гора. Подоцна главата ја нашол некој Инокентиј, и тоа е првото наоѓање. Нејзиното второ наоѓање е во петтиот век, кога веќе трагата и била загубена. Главата била пренесена во Халкидон, а подоцна во Цариград.

Според обичаите и верувањата за овој ден, денеска никако не смее да се работи тешка работа, ниту пак да се допираат ножеви или нешто остро.

 
 
08.03.2016 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега