Костадинов: Случајот со Јово Вангеловски кој криел предмети во фиока ја потврдува потребата од реформи во правосудството

Информациите дека Јавното обвинителство отворило предмет против Јово Вангеловски заради тоа што намерно држел предмети во фиока, уште еднаш ја потврдува потребата од суштинските рефомри во правосудството што ги преземаме, истакна  портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој кажа дека Ванглеовски познат во јавноста и како Јово Превара е поранешен претседател на Врховниот суд, кум на Трајко Вељановски кој е меѓу обвинетите за 27 април.

„Еве зошто извршителот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочеа носењето на Законот за Јавно обвинителство. Ете зошто Мицкоски и неговите пајташи протестираа против правдата. Со законот за јавно обивнителство отворена е можноста надлежните институции да утврдат дали Вангеловски намерно криел предмети свесно и намерно ја опструирал правдата. Разликата е јасна. Додека извршителот Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф Груевски, СДСМ создава услови за независни институции и правда“, рече Костадинов.

Додаде дека Мицкоски може да протестира против правдата но криминалот на неговиот шеф Груевски и криминалот на неговите сопартијци нема да го одбрани.

„Следуваат реформи во судството, ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, без разлика колку и тоа да не му се допаѓа на извршителот Мицкоски“, додаде Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега