Заев- Техада: Швајцарија е голем пријател и поддржувач на Северна Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Сибил Зутер Техада, соопштуват од СДСМ.

Од таму велат дека на средбата е разговарано на повеќе актуелни теми како политичката состојба во државата, претстојните парламентарни избори,  евроинтеграциите на земјава и нејзиното членство во НАТО сојузот.

„Со оглед на тоа дека нашата држава се наоѓа пред парламентарни избори во април на средбата помеѓу претседателот Заев и швајцарската амбасадорка Техада се отвори темата за програмата и понудата со која ќе настапи СДСМ на претстојните избори и очекувањата од истите.Р ешавањето на клучните и стратешки прашања преку Договорот од Преспа со Република Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, кои пак ја отворија европерспективата на земјава и секако ни го донесоа членството во НАТО, акцент во следните чекори на партијата се става на економијата, екологијата, туризмот и вложување во човечкиот капитал“ велат од СДСМ.

Заев посочил дека досегашните мерки за само 2.5 години, донеле видливи и реални резултати, а придобивките ги чувствуваат граѓаните, како што се поддршка на приватниот сектор, субвенции, повисоки плати, повисока социјална помош и сите мерки кои значат повеќе пари во секое семејство.

„Она кое што  се планира за следниот четиригодишен мандат, се уште поголеми вложувања, инвестиции, поддршка на приватниот сектор, на женското претприемништво и поддршка на младите во нивната преквалификација , доквалификација, обуки и вештини со кои тие би станале поконкурентни на пазарот на трудот, а се со цел да останат во својата татковина“ рекол Заев.

 Заев како новина на која се обврза СДСМ на следните избори ја посочил и поголема вклученост на жените во политиката односно 50% учество на жените како во парламентот така и на раководни позиции. Затоа што целта е градење на праведно и фер општество во сите сегменти односно еднаква родова и етничка припадност.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега