Ангеловска: Буџетот е во одлична кондиција, подготвени сме да се справиме со евентуален шок поради коронавирусот

Има фискален простор за да се справиме со евентуален потенцијален економски шок што би можел да настане поради коронавирусот. Во позиција сме да реагираме во секој поглед. Буџетот е во одлична кондиција, одлична е и реализацијата на приходната страна, а раст има и кај сите даноци, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во вечерашната „Топ тема“.

Според неа, ситуацијата со вирусот е неизвесна во глобални рамки, не се знае кон што ќе води и поради тоа не може да се квантифицираат евентуалните влијанија врз државната каса.

-Македонската економија од аспект на Буџетот е подготвена да се справи со евентуалната глобална криза поради корона вирусот. Сценарија за тоа како ќе делуваме немаме креирано, но имаме разгледано што би презеле и што другите земји ќе преземат. Ниту една земја нема излезено со анализа и конкретен план што ќе прави, туку сите се на штрек. Работите се менуваат на дневна основа и треба брзо да се реагира, истакна Ангеловска.

Во врска со заминувањето на малдите од земјава, министерката Ангеловска истакна дека тоа се случува поради ниските плати, квалитетот на услуигите, здравството, образованието,…

-На долг рок се инвестира во трите клучни столба, вкупно 154 милијарди во образованието, здравството и социјалата кои го прават индексот на човечки капитал според кој сме на многу незавидно место. На краток рок, пак, може да се понудат поглеми палти, рече Ангеловска, потенцирајќи дека цел систем не може да се смени за две-три години.

Подвлече и дека е битно да имаме здрави политики кои ќе ја носат економијата нагоре.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2020 - 19:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега